Украина ќе има потреба од барем 120 милијарди долари за разходи во одбраната во следнава година, порача денеска украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал.
Во моментот течат преговорите со членките на НАТО и ЕУ, бидејќи Украина бара финансирање од 60 милијарди долари од нејзините партнери, напиша Шмихал – до минатата седмица премиер на Украина – во својот Телеграм-канал.
Сумата од 60 милијарди долари е одговарачка на предвидените од ЕУ 150 милијарди евра заеми за европската безбедност во следните 4 години и со 100-те милијарди евра за Украина, што Европската комисија ги внела како ставка во долгорочниот предлог-буџет за периодот 2028-2034.
Во моментов, Механизмот за Украина на ЕУ има буџет од 50 милијарди евра до 2027 година, од кои 28,3 милијарди се веќе исплатени.
The post Украина бара 60 милијарди долари за одбраната appeared first on Локално.