Почеток СВЕТКалас: Убивањето цивили што бараат помош во Газа е неоправдливо

Калас: Убивањето цивили што бараат помош во Газа е неоправдливо

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Европската Унија побара денеска од израелската војска да престане да убива палестински цивили што се обидуваат да дојдат до хуманитарна помош, а ОН предупреди за можните тешки кршења на меѓународното право.

„Убивањето цивили што бараат помош во Газа е неоправдливо“, напиша еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас на својот профил на социјалната мрежа Х, известувајќи дека разговарала со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар.

„Зборував повторно со Гидеон Саар за да го потсетам на нашето поимање за доставата на помошта и јасно напоменав дека израелските одбранбени сили мора да престанат да убиваат луѓе на дистрибутивните пунктови.

Сите опции остануваат во игра ако Израел не ги исполни своите ветувања“, порача еврокомесарката Калас на Х.

ЕУ пред две седмици објави дека е постигнат договор со Израел за подобрување на испораката на хуманитарна помош за Газа.

The post Калас: Убивањето цивили што бараат помош во Газа е неоправдливо appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа