Турскиот актер Кенан Имирзалиоглу (49) е најпознат на јавноста по улогата на Езел во истоимената серија, а со години ја носи титулата еден од најпосакуваните мажи.
Откако се појави пред 15 години во гореспоменатата серија, жените буквално ги изгубија главите за него, а згодниот Турчин ги подигна стандардите на жените кога станува збор за мажи, и одеднаш сите жени посакаа висок, црн и впечатлив маж покрај себе, исто како него.
Оттогаш, многумина се согласуваат дека актерот воопшто не старее.
Иако многумина го етикетираа како вечен ерген, но и најпосакуваниот ерген, денес актерот ужива во семејниот живот со сопругата Сина Кобал, која е 13 години помлада од него, а заедно имаат две ќерки. Се запознале за време на заедничкото снимање на серијата во 2015 година и оттогаш се неразделни.
View this post on Instagram
Љубовта што се роди меѓу нив беше толку силна што актерката ја прекина врската со фудбалерот со кој беше во врска во тоа време. Една година подоцна, Кенан и Синем отпловија во пристаништето на бракот. Двојката сега е забележана во познатото одморалиште Чешме, Турција, како уживаат во времето со своите ќерки и изгледаат позаљубени од кога било.
Да ве потсетиме дека во претходните години, познатиот актер беше проследен со гласини дека е хомосексуалец. Во 2013 година, Кенан ги негираше тие обвинувања, а непосредно пред раѓањето на неговата прва ќерка, се појавија гласини дека ја изневерува сопругата со непозната колешка.
– Синем беше свесна во што се впушта. Со години се шпекулираше дека Кенан сака мажи и дека ја изневерил со неколку од нив. Сепак, Синем го сака и се надева дека тој ќе се промени и ќе сфати дека таа е сè што му треба. Тоа е главната причина зошто таа сакаше дете – да ги зближи уште повеќе, но тоа не го спречи да влезе во врска со помлада колешка – изјави претходно неименуван извор за турските медиуми.
The post Го следеа гласини дека ги сака мажите, а е омилен кај жените: Турскиот актер никогаш не е посреќен, ужива со своето семејство appeared first on Локално.