Почеток МАКЕДОНИЈАМисајловски, Тошковски и Лафчиски на еден од најзначајните меѓународни саеми за одбранбена индустрија

Мисајловски, Тошковски и Лафчиски на еден од најзначајните меѓународни саеми за одбранбена индустрија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На покана на мојот колега, министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер, денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваме во Истанбул на отворањето на IDEF 2025 – еден од најзначајните меѓународни саеми за одбранбена индустрија, информира министерот за одбрана Владо Мисајловски.

IDEF е саем каде се среќаваат водечки компании од воената индустрија, експерти и претставници на вооружените сили, со цел да се разменат искуства, да се претстават иновации и да се разгледаат идните предизвици во безбедносниот сектор.

-Остваруваме значајни средби и увид во најновите технолошки достигнувања во одбраната, порача Мисајловски.

Можно е и ова да ти се допаѓа