Почеток СПОРТМакедонските ракометарки повторно поразени на ЕМОФ

Македонските ракометарки повторно поразени на ЕМОФ

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Младата женска ракометна селекција на Македонија, го претрпе и вториот пораз на Европскиот младински олимписки фестивал „ЕМОФ 2025 Скопје“.

Откако вчера беа надиграни од Исланд денеска селекцијата на Македонија (У17) е совладана од Швајцарија со 33-20 во натпревар од 2.коло на А групата.

Уште од самиот старт, противничките ја наметнаа својата игра за која избраничките на селекторката Новевска немаа противодговор. Швајцарките брзо создадоа голема предност, која во еден миг изнесуваше и осум гола разлика. Швајцарките на полувреме заминаа со +6 (16-10). И во второто полувреме иста слика на теренот, па македонските ракометарки мораа да се помират со вториот пораз.

Елена Балоска и Мила Ристовска постигнаа по 5, а Марија Димоска 4 голови за македонската репрезентација.

Следете нé на социјалните мрежи

По овој пораз не само што и теоретски се загубине шансите за евентуално полуфинале, туку најверојатно ќе мора да разигруваат за избегнување на последната позиција.

Утре Македонија за противник ќе ја има Норвешка, која вчера загуби од Швајцарија, а денеска игра против Исланд.

The post Македонските ракометарки повторно поразени на ЕМОФ appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа