Почеток СПОРТЕвертон сериозно заинтересиран за Кубо

Евертон сериозно заинтересиран за Кубо

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Евертон започна преговори со Реал Сосиедад во врска со потенцијалниот трансфер на на јапонскиот интернационалец Такефусе Кубо. Крилниот напаѓач има 24 години, а во Сан Себастијан пристигна како поранешен член на Реал Мадрид.

Кубо постигна седум гола и додаде четири асистенции за Сосиедад минатата сезона, а неговиот договор е до летото 2029 година. Шпанскиот клуб го проценува на вредност помеѓу 30 и 40 милиони евра, а Евертон го гледа како важно засилување пред новата сезона.

Кубо наводно е отворен за премин во Премиер лигата, и доколку преговорите бидат успешни, трансферот би можел да биде заклучен во наредните денови.

Foto/ EPA

Текстот Евертон сериозно заинтересиран за Кубо е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа