1
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
На 10.07.2025 во 20:40 часот, при контрола на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како питачи со неговата петгодишна ќерка.
Потоа биле повикани претставници од Центарот за социјални работи Дебар и адвокат за малолетници, а С.Р. бил лишен од слобода.