Почеток БАЛКАНГрција: Голем шумски пожар близу Атина, евакуирани се неколку села

Грција: Голем шумски пожар близу Атина, евакуирани се неколку села

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Голем шумски пожар што избувна денес во Грција предизвика евакуација на неколку села западно од Атина, соопшти противпожарната служба на земјата.

Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се борат со шумски пожар што зафати борова шума во планините во близина на Коринт, објавува АП.

Временските услови се особено тешки за пожарникарите, бидејќи Грција е зафатена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.

Денес противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница.

Текстот Грција: Голем шумски пожар близу Атина, евакуирани се неколку села е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа