ОВЕН
По завршување на еден проект, деловните партнери ќе ви понудат уште подобра работа. Финансиски успех. Можно е обновување на врска со поранешна љубов преку случајна средба. Дали е тоа навистина случајност? Нервоза.
БИК
Денот ќе го обележи деловен состанок на кој можете да договорите многу исплатлива зделка. Финансиската ситуација се подобрува. Сè повеќе ви се допаѓа личност што сте ја запознале преку социјалните мрежи. Следи средба. Упорна мигрена.
БЛИЗНАЦИ
Ќе успеете да смените работа и да преминете на подобро платено работно место. Нов почеток во кариерата. Чувствувате замор во врската, но не знаете како да ја прекинете приказната што одамна нема иднина. Настинка.
РАК
Ќе решите стар правен проблем кој подолго време ве кочи. Личност што сте ја запознале преку пријатели постојано ви е во мислите. На повидок е нова љубов. Упорна кашлица.
ЛАВ
Лавовите што планираат да започнат сопствен бизнис ќе имаат добар почеток. Успехот на финансиски план доаѓа брзо. Ново познанство на патување може да се претвори во сериозна врска. Болки во грбот.
ДЕВИЦА
Се двоумите околу нова деловна понуда. Потпишувате договор поврзан со работа што досега не сте ја правеле. Ги анализирате односите во врската и не сте задоволни – може многу подобро. Проблеми со урогениталниот систем.
ВАГА
Бидете внимателни во разговорите со претпоставените – лесно може да дојде до недоразбирање. Постои зголемен интерес од нови додворувачи. Ве очекува романтична вечер со нов обожавател. Главоболка.
СКОРПИЈА
Изненадно деловно патување и важен состанок на кој ќе склучите значаен договор. Финансиски добиток. Денес може да ја обновите комуникацијата со поранешна љубов. Нов почеток. Проблеми со воспаление на непцата.
СТРЕЛЕЦ
Позитивен пресврт во деловните преговори. Многу ќе зависи од вашето дипломатско однесување. Недоследноста на новата симпатија ве збунува – не знаете на што сте. Болки во зглобовите.
ЈАРЕЦ
Реорганизација на работата носи промени во вашата работна позиција. Можно е проширување на обврските. Денес ќе се сретнете со Шкорпија – започнувате авантура. Вечер со силна еротска енергија. Чувствувате меланхолија.
ВОДОЛИЈА
Во деловната сфера владее неизвесност и промени. Наскоро следи стабилизација. Новиот потенцијален партнер ви остава впечаток дека игра игри – не знаете на што сте. Вртоглавица.
РИБИ
Ќе склучите нова соработка и покрај тоа што не ви одговараат сите услови. Период на компромис. Односот со партнерот е сè подобар – време на зближување и хармонија. Одмарајте повеќе.