Почеток ЕКОНОМИЈАТрамп се договори со Јапонија за царините

Трамп се договори со Јапонија за царините

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека САД и Јапонија постигнале трговски договор, кој, според Трамп, ќе донесе 550 милијарди долари јапонски инвестиции во неговата земја. Двете земји една на друга ќе си ги царинат стоките и услугите со 15% од вредноста.

Во неговиот пост на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, претседателот на САД тврди дека Јапонија ќе го отвори пазарот за трговијата со САД, вклучително и со автомобили, ориз и други земјоделски производи.

Една од најспорните економски мерки на Трамп во првите 6 месеци на неговиот втор мандат е наметнувањето високи царини за увоз од клучните трговски партнери на САД – 25% царини за Канада и Мексико, како и дополнителни царини за Кина. Во истата група е и ЕУ и Македонија, но останува да се види какви договори со Трамп ќе склучат тие.

И покрај тоа што администрацијата на Трамп тврди дека новите царински мерки довеле до собирање 90 милијарди долари во државниот буџет, низа економисти и голем дел од населението стравуваат дека тоа е, а и во иднина ќе се одразува на, потрошувачите и бизнисите во САД.

The post Трамп се договори со Јапонија за царините appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа