Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИАмерикански палачинки

Американски палачинки

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Потребни состојки:

2 јајца
160 г брашно
70 мл јогурт
120 мл млеко
една лажица шеќер
малку сол
една лажичка прашок за печиво
три лажици растопен путер
путер од кикирики
џем од јагоди

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ги ставаме јајцата, брашното, јогуртот, млекото, шеќерот,солта, прашокот за печиво и растопениот путер.
Ја мешаме смесата да се изедначи. Ја оставаме да отстои 10 минути.
Потоа на оган ставаме намрсена тава со путер и ги пржиме палачинките. Откако ќе ги испржиме сите палачинки, ги филуваме со еуро-крем и со џем од јагоди.
Ги преклопуваме и ги сервираме во соодветна чинија.
На крајот ги преливаме со малку џем.

Можно е и ова да ти се допаѓа