По обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека претходниот министер за надворешни работи Бујар Османи за време на својот мандат во претходната влада остварувал средби само со српски функционери, а ниту една со косовски и дека не ја посетил официјална Приштина, актуелниот потпретседател на ДУИ се огласи на социјалните мрежи. Тој објави неколку фотографии од средби со косовски политичари, меѓу кои и претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, за кои вели дека се направени во текот на неговиот министерски мандат.
„Излегоа со официјална изјава дека наводно никогаш не сум го посетил Косово за време на мојот мандат и дека сум имал нула посети. Без чувство на срам. Не се грижат што лажат јавно. За нив лажењето стана нормално. Токму за ова се работи на овие избори: да се стави крај на нормализацијата на лажењето“, стои во објавата на Османи.
Објавата на Османи следува откако претходно владејачката ВЛЕН го обвини дека во четиригодишниот мандат како министер за надворешни работи повеќепати се сретнал со српските отколку со косовските власти и оти во Белград остварил 11 средби, а во Приштина ниту една. Според ВЛЕН, претходната власт на СДСМ и ДУИ ја доближила државата кон т.н. „српски свет“.
Оттаму сметаат дека Османи бил посреќен со српски дипломати околу себе, отколу со свои сограѓани од Чаир.
„На никого му нема помогнато, на никого од Чаир му се нема најдено, на никого му нема одговорено на телефон. Во Чаир, Бујар нема помогнато за ниту едно ново училиште, го немало кога се граделе улици и пробивале булевари, го немало кога се правеле градинки и игралишта“, велат од ВЛЕН.
Реакцијата на ВЛЕН следува откако ДУИ објави дека Османи ќе биде нивни кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир на локалните избори наесен.
The post 📷За нив лажењето е нормално, порача Османи и објави слики со косовски политичари откако ВЛЕН го обвини за нула посети на Приштина appeared first on Локално.