Третиот ден на ЕМОФ Скопје 2025 година, носи нови интересни натпревари. Младите олимписки надежи ќе продолжат со борбите за подобри резултати и медали во 13 спортови, во повеќе спортски арени во Скопје и Куманово.
На арената „Тодор Проески“ ќе се одржат финалните натпревари во атлетика во машка конкуренција: скок во височина, 5 км брзо трчање, мешана штафета 4×400 метри и фрлање копје. Во салата „Јане Сандански“ се очекуваат возбудливи финалиња во џудо: девојки до 48 и 52 кг и до 60 и 66 кг.
Во Куманово ќе се одржи планински велосипедизам во две конкуренции, а натпреварите продолжуваат и во: пинг-понг, гимнастика, бадминтон и стрелаштво.
Последната трета рунда на програмата е во колективните спортови. Во нив, македонските репрезентации ќе се обидат конечно да се израдуваат на првата победа, откако сите шест селекции ги загубија претходно одиграните натпревари.
Програмата ја отвораат ракометарките и кошаркарките. Во СЦ „Јане Сандански“ македонските ракометарки ќе играат против Норвешка, а во кумановската сала „Перо Наков“ кошаркарките против Германија. Двата натпревари ќе полнат од 16 часот.
Во терминот од 18 часот во салите на СЦ „Борис Трајковски“ двете одбојкарски македонски селекции ги играат своите мечеви. Машката за противник ќе ја има Белгија во дуелот за избегнување на последното место во групата А. Овој натпревар ќе се игра во големата сала, додека во малата, девојките ќе играат против фаворитот Турција.
Во иста ситуација се и македонските кошаркари. Тие против Летонија во големата сала во Куманово ќе бркаат победа за трето место во групата. Ракометарите во СЦ „Кале“ од 18.15 часот ќе се соочат со селекцијата на Исланд која веќе обезбеди полуфинале.
Во продолжение распоредот на натпревари на македонските спортисти.
Сите натпревари може да ги гледате ЖИВО на овој линк

The post Третиот ден на ЕМОФ носи повеќе интересни натпреварувања appeared first on Sport Plus Macedonia.