Шестгодишно момче од Србија е повредено во аква парк на Халкидики. Несреќата се случила во Јерисос, каде момчето паднало во аква-паркот и ја повредило ногата. По брзата акција на спасувачите и медицинскиот персонал, детето е итно префрлено во болница во Солун.
Според информациите објавени од крајбрежната стража, детето веднаш добило прва помош на лице место, а потоа итно било префрлено во болницата „Ипкратио“ во Солун за понатамошна медицинска нега, пренесоа грчките медиуми.
Локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да ги утврди околностите што довеле до несреќата. Засега не е познато дали станува збор за човечка грешка или за недостаток на безбедносни мерки во самиот парк.
The post Шестгодишник од Србија се повредил во аквапарк во Грција, итно е пренесен во болница appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.