Почеток МАКЕДОНИЈАМВР предупредува за измама: Се шири лажна објава дека компании за техника нудат модерни мобилни

МВР предупредува за измама: Се шири лажна објава дека компании за техника нудат модерни мобилни

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа.

Оттаму известуваат дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци.

-Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба.

Компаниите за техника немаат тајни страници за „специјални“ телефони и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали, порачуваат од полицијата.

Според МВР, доколку видите вакви објави, треба да се пријават веднаш во најблиската полициска станица.

-Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами, истакнуваат од МВР.

The post МВР предупредува за измама: Се шири лажна објава дека компании за техника нудат модерни мобилни appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа