Почеток МАКЕДОНИЈААФРИМ ГАШИ В БОЛНИЦА: Претседателот на Собранието синоќа бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје поради преплет на цревата

АФРИМ ГАШИ В БОЛНИЦА: Претседателот на Собранието синоќа бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје поради преплет на цревата

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.

„Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно. Пациентот е под постојан лекарски надзор“ – изјавил д-р Костовски.

Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.

Можно е и ова да ти се допаѓа