Почеток СПОРТДавид Луиз се враќа во Европа? Сензационален трансфер на повидок

Давид Луиз се враќа во Европа? Сензационален трансфер на повидок

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Познатиот бразилски фудбалер кој играше за Бенфика, Челси, Арсенал и ПСЖ, а сега е член на бразилската Форталеза, Давид Луиз е пред враќање во Европа.

Според информациите од бразилските медиуми, Луиз добил интересна понуда од кипарскиот шампион – Пафос.

Пафос е многу млад клуб, основан е во 2014 година, а во последните сезони ги забележа најголемите успеси во својата многу кратка историја. Минатата сезона стигнаа до нокаут фазата од Конференциската лига, а оваа сезона се борат за влез во Лигата на шампионите.

Контактите меѓу Пафос и Луиз веќе се воспоставени, преговорите се во тек и сега се чека одлуката на славниот Бразилец.

The post Давид Луиз се враќа во Европа? Сензационален трансфер на повидок appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа