Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава„Доколку забележите ваква објава не кликнувајте“, МВР предупредува на нова измама

„Доколку забележите ваква објава не кликнувајте“, МВР предупредува на нова измама

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку “внатрешна програма” поради оштетена амбалажа.

„Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци.

Доколку забележите ваква објава:

НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави.

НЕ споделувајте лични информации.

НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба.

Компаниите за техника немаат тајни страници за “специјални” телефони, и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.

Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица“, соопшти МВР.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами, додаваат од МВР.

The post „Доколку забележите ваква објава не кликнувајте“, МВР предупредува на нова измама appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа