Рубен Гарабаја Аренас е нов тренер на Еурофарм Пелистер за следнaта сезона, со опција за продолжување на уште една ако двете страни се согласни.
Трофејно шпанско име од играчките денови и млад стручњак со голем потенцијал денес доаѓа во Битола и утре првпат ќе прозива во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Тој ќе го наследи сонародникот Раул Гонзалес со кој спогодбено беше раскинат договорот.
Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска титула од Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година.
Шпанскиот стратег го чека тешка задача како на домашната така и на европската сцена на кој Е.Пелистер повторно ќе игра во Лигата на шампионите.
The post Шпанецот, Аренас е нов тренер на Еурофарм Пелистер appeared first on Sport Plus Macedonia.