Почеток МАКЕДОНИЈАСредба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со постојаниот координатор на ОН

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со постојаниот координатор на ОН

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа.

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, при што беа разменети мислења за низа актуелни теми, со фокус на политичките и економските предизвици, како и унапредувањето на меѓуетничките односи во државата. Вицепремиерот Стоилковиќ го истакна значењето на долгогодишната поддршка од Обединетите нации и ја изрази благодарноста за нивниот придонес во развојните и интегративните процеси на земјата.

Соговорниците разговараа и за тековните активности и проекти што се реализираат со поддршка на агенциите на ОН, при што беше нагласена одличната институционална соработка на сите нивоа и во различни области.

На крајот од средбата, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со цел поттикнување на одржлив развој, инклузија и стабилност во државата.

Можно е и ова да ти се допаѓа