Хелена Роза, некогаш често присутна во македонските естрадни случувања, е кандидатка на претстојните локални избори во Нов Зеланд. Конкретно, Роза е кандидатка во општината Норт шор, која е дел од градот Окленд.
Информациите ги објави таа на социјалните мрежи каде го сподели нејзиниот официјален политички профил.
Хелена, која во Македонија работеше и како ТВ-водителка, но и настапуваше во разни улоги на естрадните случувања, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд.
Окленд е голем град и се смета за метропола на Северниот Остров на Нов Зеланд. Тој е најнаселениот град во Нов Зеланд и петтиот најголем град во Океанија.