Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабаваПовторно гори депонијата во Визбегово

Повторно гори депонијата во Визбегово

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ново загадување ја вознемири јавноста во Скопје, повторно гори дивата депонија во Визбегово, во близина на индустриската зона.

Ова е втор сериозен пожар на истата локација во помалку од две недели, при што голем црн чад се шири низ небото и е видлив од речиси сите населби во северниот и западниот дел на градот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот избувнал на крајот од улицата „Брсјачка Буна“, во истата зона што гореше и на 9 јули.

-Во прашање е дел од истата депонија. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје веќе е на лице место и интервенира. Во моментов нема опасност за блиските објекти, но димот е густ, црн и се шири брзо со помош на ветерот – велат од ЦУК.

Состојбата предизвика паника кај жителите на Визбегово, како и на дел од Чаир, Бутел и Карпош.

 

The post Повторно гори депонијата во Визбегово appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа