Почеток Јанев во посета на ГП Дојран: Времето на чекање е намалено на половина

Јанев во посета на ГП Дојран: Времето на чекање е намалено на половина

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, денес беше во работна посета на граничниот премин Стар Дојран, каде што пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница.

„Со отворањето две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеца, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Особено се гордеам што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниедна точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно ниту на вода“, рече Јанев при посетата.

Посетата беше и можност директорот да изврши увид врз донираната техничка опрема и возилата од страна на Сојузната германска полиција и потенцира дека таквата поддршка ни значи многу.

„Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред, патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот“, рече Јанев.

Текстот Јанев во посета на ГП Дојран: Времето на чекање е намалено на половина е превземен од МАКФАКС.