Почеток Отворена нова амбуланта во Илинден

Отворена нова амбуланта во Илинден

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ја отвори новата амбуланта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје во општина Илинден. Според него, ова е проект кој не е само уште една зграда, туку доказ дека кога институциите соработуваат, кога има визија и посветеност кон граѓаните- тогаш резултатите не изостануваат.

Во оваа амбуланта се вложени околу 16 милиони денари, но заедно со придружната инфраструктура и во консултација со градоначалникот вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари.

„Но, вредноста на овој објект е далеку поголема од паричниот износ. Таа се мери во сигурноста на родителите дека нивните деца ќе имаат здравствена грижа блиску до домот, во спокојот на повозрасните жители кои веќе нема да мораат да патуваат далеку за преглед, во достоинството на здравствените работници кои конечно добиваат услови какви што заслужуваат“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека оваа амбуланта е дел од заложбата на Владата да го обнови, модернизира и зајакне здравствениот систем во цела држава.

Текстот Отворена нова амбуланта во Илинден е превземен од МАКФАКС.