Почеток Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет

Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е стабилна, информираат од неговиот кабинет.

„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментот се вршат детаљни лекарски прегледи“, велат од Собранието.

Од таму додаваат дека сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции.

Гаши бил примен во болница синоќа нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.

 

Текстот Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет е превземен од МАКФАКС.