Почеток Црна ХроникаКривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари

Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.04.2025 во негова нива во близина на регионалниот пат Струга- Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација, соопштија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Исто така, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.07.2025 обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви, засадени со житни култури, како и на блиската депонија, истакнаа од министерството за внатрешни работи.

Можно е и ова да ти се допаѓа