Почеток МАКЕДОНИЈАЖивковски: Дефицитот на стручен кадар создава потешкотии во тековното функционирање на Агенцијата за Катастар

Живковски: Дефицитот на стручен кадар создава потешкотии во тековното функционирање на Агенцијата за Катастар

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Дефицитот на стручен кадар е исто така нешто кое ни создава потешкотии во тековното функционирање, но веќе работиме на регрутирање на нов кадар со фокус на млади професионалци и редовни стручни обуки за вработените. Во таа насока, изминатава година организиравме две стручни советувања наменети за правниците од АКН, вели Иван Живковски, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, во интервју за „Бизнис инфо“.

Електронскиот шалтер, вели, е најкористената алтката кај професионалните кориснци на услугите (нотарите, геодетските компании, адвокатите, единиците на локална самоуправа, извршителите, Министерствата и други институции (околу 2.000 корисници).

– Во споредба со 2016 година, кога само 58% од барањата биле електронски поднесени, денес дури 90 % од поднесените барања/ пријави во катастарот се поднесени електронски, што значително ја намали потребата за физичко доаѓање до шалтерите. Напредокот во дигитализацијата на услугите не само што ја подобри ефикасноста, туку и ја зголеми довербата на граѓаните и професионалните корисници во институцијата, истакнува Живковски.

Во интервјуто додаде дека во овој момент не се размислува за ново намалување на катастарските услуги, зошто изминатата година се намале ни најголемиот дел од катастарските услуги, во просек за 75%.

– Агенцијата за катастар на недвижности во најголем дел e самофинансирачка институција која своите финансиски обврски самостојно ги подмирува, a дополнително намалување на цените на катастарските услуги негативно ќе се одрази на финансиската стостојба, порача директорот.

The post Живковски: Дефицитот на стручен кадар создава потешкотии во тековното функционирање на Агенцијата за Катастар appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа