Почеток СВЕТПетмина мртви во жешкиот бран само во еден регион во Италија

Петмина мртви во жешкиот бран само во еден регион во Италија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пет смртни случаи поради екстремно високите температури се забележани во еден регион во Италија, каде денеска во јужниот дел температурите се искачуваа до 45° Целзиусови.

Во 10 часот на островот Сицилија температурите веќе изнесуваа 30°.

Слична беше ситуацијата и на истите географски ширини источно – во 10 часот утрово 36° Целзиусови беа регистрирани во Истанбул, а на грчкиот остров Лезбос 38°.

Италијанските власти соопшти дека само во јужниот регион Апулија во последните неколку дена има дури 5 смртни случаи што би можеле да се поврзат со високите температури. Во Палермо, главниот град на Сицилија на сила е највисокиот метео-аларм, а предупредувања се издадени за голем број градови во Италија.

За високите температури во Италија, но и во останатиот дел од Медитеранот, метеоролозите ја обвинуваат големата маса со висок притисок од Африка, феномен што стручњаците го нарекоа „Камел“.

The post Петмина мртви во жешкиот бран само во еден регион во Италија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа