Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи. Во силата на дипломатијата заснована на почит и во нашата заедничка способност да изградиме иднина што ќе биде функционална. Не само денес, туку и за генерациите што доаѓаат, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис и порача дека „меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка“.
Шефовите на двете дипломатија над два часа разговараа на средбата и работниот ручек во Министерството за надворешни работи на Грција за време на првата посета на министерот Муцунски во Атина, а во фокусот беа билатералните односи, соработката во повеќе области, ЕУ перспективата на регионот итн.
И Муцунски и Герапетритис во изјавите за медиумите по средбата порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност таа дополнително да се продлабочи.
Герапетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава. Муцунски, пак, изразив благодарност за оваа доследна поддршка на нашиот европски пат и порача дека „тоа партнерство не само што го цениме, туку го гледаме како суштинско“.
Текстот Герaпетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава е превземен од А1он.