Почеток МАКЕДОНИЈАТрајанов: Бугарија преку дипломатите и службите има влијание и e вклученa во сите процеси во Македонија

Трајанов: Бугарија преку дипломатите и службите има влијание и e вклученa во сите процеси во Македонија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бугарија се меша во внатрешни работи на Македонија на еден или друг начин. И претпоставувам преку носители на јавни функции, но и преку службите дека дејствуваат во процесот со поддршка од некои структури од ДУИ и СДСМ. Мислам дека и тие се вклучени во процесот на дискредитација на Македонија на меѓународен план за постоење на, на пример, некаков „српски свет“ што нема врска со реалноста, вели за „Локално“, лидерот на Демократски сојуз и екс-министер за внатрешни работи, Павле Трајанов запрашан дали навистина има назнаки за мешање на бугарските тајни служби во внатрешни работи на земјава, особено по последните објави на дел од бугарските медиуми дека дел од македонските функционери и нивните роднини наводно имаат бугарски пасош и државјанство.

Според Трајанов, на дел од инволвираните лица од опозицијата, работа им е да се дискредитира евроинтегративниот процес на Македонија и оттаму да се префрли одговорноста на централна власт.

-Се е насочено кон тоа да се дискредитираат политиките на Владата, премиерот и министрите. Се надевам дека службите ги следат сите овие не само овие јавни активности. Има влијание и се вклучени. Бугарија и преку дипломатите и службите е вклучена во сите процеси во Македонија, смета Трајанов.

Во однос на прашањето дали цели партии се поврзани со бугарските тајни служби или само поединци, Трајанов генерално мисли дека поединците кои што делуваат, сигурно ја спроведуваат политиката на лидерите на партиите и тие што се влијателни. Сепак се работи за, како што вели, политичка поддршка што не е видлива и тешко дека се докажува.

-Да го земеме примерот со Кочани – огромна трагедија која се користи за политичка дискредитација на власта. По сите соопштенија и изјави се гледа дека тука се вклучени партиите од опозицијата. Или втора работа ако се докаже дека има намерно потпалување на пожари по шумите, тоа исто е насочено да се презентира власта дека е неспособна да превенира и гаси. Тоа се конкретни активности кои што треба службите да ги докажат и да обвинат некого со име и презиме. Тоа се класични примери во периодов каде што може да се види дека се злоупотребуваат состојбите од страна на некого од опозициските партии. Ние не зборуваме дека цела партија одлучила, туку дел од луѓето со влијателни позиции во партијата можат да дадат такви насоки и инструкции, порачува Трајанов во разговорот.

Од Софија засега молк по ваквите пораки од Скопје. Сходно на тоа се поставува дилемата навистина има назнаки за мешање на бугарските тајни служби во внатрешните работи на Македонија…За дел од експертите во земјава, сите странски служби се обидуваат да дознаат повеќе за свои соседи и да имаат корисни информации. Според професорот на Факултетот за безбедност, Злате Димовски, секоја разузнавачка служба настојува да пенетрира длабоко во структурите на другата држава, независно дали се работи за Бугарија, Србија, Косово, Албанија или евентуални други земји.

„Хибридни напади“, бугарски пасоши и тајни служби: Дали Софија навистина се меша во внатрешните работи на Македонија?

Според последната информација што ја објавија бугарските медиуми, поточно „24 часа“, 20 членови од поширокото семејство на пратеникот Миле Лефков веќе имале бугарски пасоши. Во нивниот текст не беше наведено дека и пратеникот има таков пасош. Во текстот се наведува дека околу 20-ина Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари.

На оваа информација, Лефков реагираше преку својот Фејсбук профил, објавувајќи дека „во полн ек е хибридна офанзива“. Го впери прстот во СДСМ, обвинувајќи дека веднаш се преземаат „лаги, вести, дискредитации по нарачка“.

Н.П.

The post Трајанов: Бугарија преку дипломатите и службите има влијание и e вклученa во сите процеси во Македонија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа