Почеток БАЛКАНЖена планирала атентат со бомба врз Нетанјаху

Жена планирала атентат со бомба врз Нетанјаху

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Постара жена од централен Израел е уапсена под сомнение дека планирала атентат врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави во среда израелската јавна телевизија КАН.

Жената е осомничена за планирање напад врз премиерот со употреба на импровизирана експлозивна направа.

Таа, наводно, била уапсена пред две недели, но била ослободена под услов да ѝ биде забранет пристап до сите државни институции и да му се обраќа на премиерот.

Според KAN, таа ќе биде обвинета во четврток за заговор за извршување кривично дело и заговор за извршување терористички чин, пренесува Telegraf.

The post Жена планирала атентат со бомба врз Нетанјаху appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа