Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков му одговори на членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски по неговите денешни критики за наводните бугарски пасоши на членови на семејството Лефкови. Пратеникот од Кочани го нарекува екс-градоначалникот и екс-амбасадор „mushroom политичар“.
-За Mushroom медиуми сме чуле и виделе, ама Жерновски покажа дека постојат и mushroom политичари – без светло, без корен, и со многу влага од минатото! Пропаднатиот градоначалник, амбасадорот на диво– се јави со писание за да не запознае дека не се во игра само mushroom страници туку постојат и mushroom политичари. МНР на Бугарија најави дека ќе ги ангажира сите ресурси и достапни канали за заштита на бугарските интереси и оп се појави Жерновски како бугарска интернет страничка хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија! Со тоа што се јави Жерновски – сам се пријави. Само уште не ни кажа дали е ресурс, канал или mushroom пропаднат амбасадор, порачува Лефков.
Пратеникот од најголемата владеачка партија упати и низ обвинувања кон Жерновски, истакнувајќи дека е „човек без акредитив, без политичка тежина и без капка авторитет“ и тврди дека „се појави на сцена како интернет-трол во обид да го дискредитира“. Лефков упати и две прашања до Жерновски:
„1. Дали со месеци се криеше од МНР бидејќи Романија не ти дозволуваше да ги предадеш акредитивните писма?
2. Дали МНР за тој сериозен пропуст дозна директно од романските власти наместо од тебе?
-Ако на било кое од овие прашања одговорот е не, јавно и лично ќе му се извинам. Но ако е да, тогаш ред е тој да им се извини и на институциите, и на граѓаните што на диво ги трошел нивните пари на туризам во Букурешт“, порачува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно Жерновски порача дека „нема видено вакви самоубијци заседа“, коментирајќи ги пишувањата на бугарски „24 часа“ дека членови на семејството Лефкови имаат бугарски пасош. Екс-амбасадорот и екс-градоначалник на Центар забележува и дека Лефков во својата објава не ги негирал изнесените податоци на медиумот.
Жерновски за Лефков: Немам видено вакви самоубијци во заседа
The post Лефков му врати на Жерновски: „Се појави како бугарска интернет-страничка хостирана на Бихаќка…“ appeared first on Локално.