Ирска планира значително да го зголеми трошењето во инфраструктурата во следните пет години – на дури 112 милијарди евра – за да осигури подобри услови во очекување на значителен пораст на бројот на жители.
Меѓународниот монетарен фонд неодамна процени дека инфраструктурата на Ирска заостанува зад развиените економии со дури 32%.
Ирска со години собира огромни суми од даноците на мултинационалните компании, но досега не ги насочуваше во енергетската, водоводната инфраструктура, ниту во подобрување на понудата на живеалишта. Сега работите полека се менуваат.
На почетокот на овој месец официјален Даблин реши да гради по 50.000 станови секоја година до 2040 година, проценувајќи дека тогаш ќе има еден милион повеќе жители отколку сега.
Сега стигна и најава дека до 2030 година ќе се вложат 112 милијарди евра во проширување на инфраструктурата која би требало да ги опслужува новите станбени објекти. Првично, за периодот 2026-2030 година се планирани 78,5 милијарди евра.
Според ревидираните планови, растот на потрошувачката за инфраструктура ќе расте до 2030 година за во просек 5,2% од националниот приход годишно, со додатни 10 милијарди евра за големи водостопански, енергетски и сообраќајни проекти. Приоритет ќе бидат енергетската инфраструктура, диверзификацијата на изворите на енергија, проширување на јавниот превоз, подобрување на сообраќајниците и вложувања во водни услуги.
Притоа, добредојдени се и очекуваните 14 милијарди евра даночен долг на мултинационалниот ИТ гигант Епл, кој е обврзан на ова раздолжување од страна на институциите на ЕУ.
The post Ирска ќе вложи 112 милијарди евра во инфраструктурата поради големиот пораст на населението appeared first on Локално.