Почеток КУЛТУРАСо нови ископи се решава проблемот со водоснабдувањето

Со нови ископи се решава проблемот со водоснабдувањето

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со нови ископи за вода Општина Петровец го решава проблемот со водоснабдувањето во населените места.
Од Општината информираат дека во населеното место Сушица е направен нов ископ за вода, со капацитет на проток на вода од 80.000 литри за 24 часа.

– Следува период за испитувањето на исправноста и квалитетот на водата, по што водата од овој ископ ќе се приклучи кон постојната водоводна мрежа – соопштија од Општина Петровец.

Оттаму додаваат дека веќе се започнати активности за правење уште еден ископ, кој би го решил проблемот со недостигот на вода во овој период од годината и во населените места Блаце, Бадар, Кожле и Тотинци.

The post Со нови ископи се решава проблемот со водоснабдувањето appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа