Почеток МАКЕДОНИЈАГаши е во стабилна состојба: Со болки во стомакот бил хоспитализиран, не му е закажана операција

Гаши е во стабилна состојба: Со болки во стомакот бил хоспитализиран, не му е закажана операција

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

-Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево, информираат од МЗ.

Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор.

-Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување, велат од Министерството.

Можно е и ова да ти се допаѓа