4
Упатувам искрена благодарност до министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи, г-дин Панче Тошковски за укажаната чест со вашата посета на нашиот штанд на #IDEF2025 во Истанбул, Турција, пишува Горан Тренески.
-Вашето присуство беше навистина ценето и ја истакна важноста од поттикнување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. Благодарни сме за можноста да ги претставиме нашите иновации и да разговараме за начини на кои можеме да придонесеме кон националниот развој и унапредување на индустријата. Гордост е да се биде македонска компанија на глобалниот пазар, напиша тој.