Почеток МАКЕДОНИЈАУтре сончево и многу топло време, освежување од недела

Утре сончево и многу топло време, освежување од недела

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Највисока температура од 42 степена денеска е измерана во Гевгелија, 41 во Велес, а 40 во Скопје, Демир Капија и Струмица. Најсвежо е на Попова Шапка со 24 степени.

УХМР и за утре најавува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

The post Утре сончево и многу топло време, освежување од недела appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа