Почеток СкопјеОпштина Илинден ќе го одбележи патрониот празник со настап на Наум Петрески

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник со настап на Наум Петрески

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На ден 25.07.2025 година (петок) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Настанот ќе се одбележи со музичко забавна програма со настап на македонскиот пејач Наум Петрески, како и настап на АНПИ „Илинден“, КУД „Гоце Маркоски“ и настап на музичкиот хор на Здружението на пензионери „Илинден“.

Во рамки на одбележувањето на настанот му претходи и крводарителска акција која ќе се одржи на 24.07.2025 (четврток) во галеријата на Дом на култура „Илинден“ од 09:00 до 14:00 часот, а во амфитеатарот при СОСУ „Илинден“ со почеток во 21:00 часот, стенд ап комедија со Бојан Велевски.

-Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, велат од Општина Илинден.

Можно е и ова да ти се допаѓа