Почеток СПОРТПитер Рајс назначен за водител на церемонијата на ОИ 2028

Питер Рајс назначен за водител на церемонијата на ОИ 2028

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ветеранот во филмската и медиумската индустрија, Питер Рајс (59), е именуван за раководител на церемониите и програмските содржини на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, објавија денеска организаторите.

Рајс извршуваше високи оперативни позиции во поранешните „21st Century Fox“ и „Walt Disney Co.“, а сега се сели во нова област – спортот.

Ова ќе биде првпат голема холивудска фигура да ја надгледува креативната продукција на Олимписките и Параолимписките игри.

„Нашите церемонии ќе ја доловат енергијата, иновативноста и креативноста на Лос Анџелес, како и емоциите што постојат во срцето на секои Олимписки игри“, рече Рајс, која ќе биде главен извршен продуцент на церемонијата на отворање и затворање во Лос Анџелес. (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа