Почеток Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Времето во наредните денови

Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Текстот Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени е превземен од МАКФАКС.