Почеток МАКЕДОНИЈАЗголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ земјава

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ земјава

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На 24.7.2025 година во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по ул.3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце ќе биде во прекин.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Можно е и ова да ти се допаѓа