Почеток МАКЕДОНИЈАГерапетритис го потсети Муцунски за обврската за целосно почитување на Преспанскиот договор

Герапетритис го потсети Муцунски за обврската за целосно почитување на Преспанскиот договор

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вчера се сретна со својот грчки колега во Атина. Според објавеното од двете надлежни министерства, двајцата разговарале за иднината на билатералните односи, со акцент на стабилноста и безбедноста на Балканот.

-Грција целосно ги поддржува аспирациите на Македонија за членство во ЕУ, нагласил министерот Јоргос Герапетридис.

Двајцата дипломати разговарале за идното зајакнување на билатералните односи, со акцент на економската и енергетската соработка, соопшти грчкото МНР.

-Усогласувањето со Преспанскиот договор е важен фактор за успешна политика меѓу двете земји, нагласил Герапетридис. Според него, „Скопјe има обврска да го користи уставното име Република Северна Македонија, како на домашен, така и на меѓународен план“.

-Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосна, конзистентна и во добра волја имплементација на Преспанскиот договор, вклучително и ерга омнес (за севкупна употреба) користење на уставното име на земјата, изјавил шефот на грчката дипломатија на заедничката прес-конференција по средбата.

Грчкиот дипломат потсетил и на силната поддршка на Атина за членството на Скопјe во НАТО.

Од друга страна, Муцунски им порачал на грчките новинари дека Македонија високо ги цени одличните односи со Грција, кои придонесуваат за стабилноста и безбедноста на Балканот.

-Нашата поддршка за Украина е непоколеблива, рекол Муцунски од Атина.

Македонскиот министер топло им се заблагодарил на грчките медицински лица за помошта што им ја пружија на повредените од инцидентот во Кочани.

The post Герапетритис го потсети Муцунски за обврската за целосно почитување на Преспанскиот договор appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа