Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИВРЕМЕ: Сончево и многу топло со слаб ветер и максимални температури до 42 степена, в недела се очекува пороен дожд и грмежи

ВРЕМЕ: Сончево и многу топло со слаб ветер и максимални температури до 42 степена, в недела се очекува пороен дожд и грмежи

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа