Во авион на „Рајанер“ што летал од Загреб до шведскиот град Малме, кратко пред слетувањето вчеравечер избила крвава тепачка меѓу двајца мажи. Тие жестоко се удирале и се фрлале еден со друг низ авионот, а патниците ги фатила паника, јавуваат шведските медиуми.
„Токму пред слетувањето, светлата се изгаснаа. И одеднаш видовме двајца мажи како жестоко се тепаат. Почнаа и да се фрлаат еден со друг на другите патници“, вели еден патник за шведскиот весник „Афтонбладет“.
Меѓу патниците избила паника.
„Имаше многу деца и жени што плачеа. Луѓето сакаа да побегнат во задниот дел на авионот, за да се скријат…. Крв имаше насекаде. За малку ќе паднеа на мене и на мајка ми. Беше многу непријатно, уште се тресам“, вели една жена за весникот.
Кога авионот слетал, обезбедување влегло во авионот за да ги извлече тепачите. Патниците биле евакуирани.
Тепачите биле шведски државјани.
The post Крвава тепачка во авион што летал од Загреб за Малме: Имаше крв насекаде appeared first on Локално.