Почеток МАКЕДОНИЈАВЛЕН го прашува Османи дали почнал соработка со ПР-стратезите на Вучиќ

ВЛЕН го прашува Османи дали почнал соработка со ПР-стратезите на Вучиќ

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

ВЛЕН потсетува дека поминале пет дена од јавно поставените прашања до ДУИ, а, како што велат, тие сè уште молчат. Владеачката коалиција постави неколку прашања до опозициската партија:

„Пет дена ДУИ молчи колку и какви средби имал Бујар Османи со претставници на српските власти? Пет дена ДУИ молчи колку пати Бујар Османи бил приватно во Србија, без да ја информира јавноста? Зошто толку тишина од една партија која тврди дека е „заштитник” на евроатлантскиот курс и интересите на Албанците? Дали овој молк не е всушност потврда за сè што беше кажано?

Го прашуваме јавно Бујар Османи: Дали веќе започнал да соработува со ПР-стратезите на Александар Вучиќ? Дали ќе ја продолжи соработката со ПР-стратезите на Вучиќ што ја имаше претходната Влада на СДСМ и ДУИ? Дали Бујар Османи ќе ја добие поддршката од Белград како што ја добиваше и до сега? Дали зад сцената и понатаму се градат сојузи со Белград, додека на јавна сцена се симулира „патриотизам“, истакнуваат од ВЛЕН.

Според коалицијата составена од неколку партии, „ДУИ водеше дипломатија со Белград, а не со Приштина и се сликаше со Вучиќ, а не со Албин Курти“.

„Народот веќе знае дека зад вратата на „европска дипломатија” се кријат состаноци што мирисаат на „српски свет”. И тоа нема да го дозволиме“, стои во партиското соопштение.

Кандидатите за градоначалници се нов мегдан за партиски вкрстувања на копјата откако пред два дена ДУИ на централно претседателство ги официјализираше новите имиња, а меѓу позвучните се најдоа Бујар Османи кој битката за прв човек ќе ја води во општина Чаир. ВЛЕН допрва треба да го обелодени името на кандидатот за градоначалник на скопската општина, а како најсериозно име се споменува сегашниот вицепремиер и поранешен градоначалник на истата општина, Изет Меџити.

The post ВЛЕН го прашува Османи дали почнал соработка со ПР-стратезите на Вучиќ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа