Четвртиот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“, носи нови возбудливи натпревари.
На програмата се повеќе финални дисциплини.
Она што пак за нас, Македонците, е најинтересно се настапите на напите млади спортисти. Денеска ќе имаме наши претставници во пливање, атлетика, велосипедизам, џудо, а почнуваат и натпреварите во таеквондо.
Сепак она што најмногу ќе привлече внимание се настапите на двете „баскет“ селекции (девојчиња и момчиња) на турнирот во 3х3. Тие се единствените кои досега во екипните спортови забележаа по една победа, со кои ги задржаа шансите за разигрувањето.
Македонските „баскетџии“ во дуелите со словенските ќе бркаат победи со кои би се пласирале во четвртфиналето.
Девојчињата својот натпревар ќе го играат од 17.55 часот, а момчињата во ноќниот термин од 22.15 часот. На двете селекции потребна им е поддршка, за ве повикуваме да бидете на теренот пред СЦ „Ист Гејт Мол“.
Натпревари може да ги гледате ЖИВО на овој линк
The post Македонските баскет екипи (3х3) се борат за четвртфинале на ЕМОФ appeared first on Sport Plus Macedonia.