Вчера вечерта кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на здравствена трибина во Кинотеката: Заедно со професионалците – за подобра грижа за граѓаните на Карпош.
Тој за Курир даде осврт на целиот настан.
– Синоќа имав чест да присуствувам на значајна трибина од областа на здравството, организирана од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во Кинотеката на Македонија. Во фокусот беа превенцијата, третманот и компликациите поврзани со остеопорозата и деформитетите на ‘рбетниот столб – здравствени состојби кои директно го засегаат секојдневниот живот на илјадници наши сограѓани, особено повозрасната популација, кажа кандидатот Сотир Лукровски.
– Како човек што целиот живот го минал меѓу луѓе, во реалниот сектор, а сега со визија за Карпош кој ќе биде поддршка за сите генерации – овој настан за мене имаше особено значење. Не само поради темата, туку и поради атмосферата на заедништво, стручност и грижа за човекот, рече Лукровски
Посебна тежина на дискусијата ѝ дадоа присуството на заменик-министерот за здравство, претставници на Владата, директорите на ФЗОМ и Агенцијата за лекови, претседателката на фармацевтската комора, поранешни ректори на УКИМ, пратеници, професори и директори на водечките здравствени установи.
– Токму оваа посветеност од стручната јавност е патоказ за тоа како треба да се водат политиките – со знаење, со партнерство и со човечка вредност. Ваквите средби не се само платформа за размена на идеи, туку и можност за градење здравствен систем што вистински им служи на граѓаните, додаде Лукровски.
– Благодарен сум за можноста да бидам дел од еден настан кој ме потсети зошто сум тука – да слушам, да учам и да бидам ваш глас.
Со љубов и одговорност за Карпош – се гледаме!