Општина Ѓорче Петров и оваа година е домаќин на Скопскиот коњачки марш, кој традиционално се одржува во чест на нашите илинденци и големото Крушевско востание.
Овој марш за првпат беше организиран во 2010 година, а втора година по ред, нашиот Централен парк во Ѓорче е местото од каде свечено ги испраќаме јавачите кон Крушево – каде треба да пристигнат на самиот ден на празникот, 2 август – Илинден.
Маршот е силен потсетник на борбата за слобода, достоинство и државност – вредности кои не само што ги чуваме, туку и ги пренесуваме на новите генерации.
Ве поканувам сите заедно да го проследиме овој свечен чин на 25 јули (петок) 18:30 часот, кога коњаниците ќе тргнат од СЦ „Борис Трајковски“ и ќе пристигнат во Централниот парк во Ѓорче Петров, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
За Илинден. За Македонија. За нашата историја што нè обврзува и обединува, додаде тој.