Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава(Видео) Мина Блажев со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“

(Видео) Мина Блажев со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, направена е шестата преработка – темата „По друм одам мајче“ во топла и емотивна изведба на Мина Блажев. Оваа безвременска народна песна, која векови наназад живее како симбол на љубовта и болката, во најновото аранжерско видување на маестро Николче Мицевски, добива современ звук, но го задржува своето срце – македонското.

„Секоја нота, секој збор од „По друм одам мајче“ нѐ потсетува дека македонската песна не е само уметност – туку жив споменик на душата на народот. Оваа песна не само што е дел од нашето фолклорно богатство, туку е и огледало на нашата историја, на љубовта и жртвата, на тишината што зборува повеќе од зборови.

Проектот, зад кој стои Скендеровски продукција, веќе силно одекна со претходните изведби, односно досега имавме можност да уживаме во преработките – „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) и „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска).

Сите тие, секоја на свој начин, ни ја враќаат Македонија во душата и нѐ потсетуваат дека музиката е јазикот на нашето национално паметење

Целта ни е да ја обоиме Македонија со најубавите звуци – звуци кои ќе допрат до секое срце, во секој дом, овде и насекаде низ светот,“ се вели во соопштението.

The post (Видео) Мина Блажев со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“ appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа