Почеток (Видео) Непознат сторител со автомобил влетал во автобуска станица во Израел, повредени седум лица

(Видео) Непознат сторител со автомобил влетал во автобуска станица во Израел, повредени седум лица

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Непознат сторител со автомобилот влета во автобуска станица во израелскиот град Беит Лид, при што беа повредени седум лица, објави „и24  њуз“.

Според податоците на итната служба „Маген Давид Адом“ (MDA), две лица се тешко повредени, а пет други полесно. Сите се однесени во блиските болници за понатамошно лекување.

Возачот избегал од местото на настанот поради што безбедносните сили почнале потрага. Контролни пунктови се поставени во околните области додека властите трагаат по осомничениот.

Идан Харас, техничар за итна медицинска помош од МДА, ја опиша сцената како хаотична: „Имаше хаос и уништување. Помагавме на двајца млади мажи со умерено крвавење и други повреди и неколку други полесно повредени, кои бргу ги транспортиравме во болница“.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Непознат сторител со автомобил влетал во автобуска станица во Израел, повредени седум лица е превземен од МАКФАКС.